Европски ФудбалФудбал

Шокантен избор: Јунајтед преговара со можниот тренер, навивачите во неверување!

Изминативе денови во преден план излегоа неколку имиња. Зинедин Зидан веќе се заблагодари, додека Маурисио Покетино е голема желба, додека Жорж Мендеш исто така почна да лобира за Јулијан Лопетеги.

Синоќа Јунајтед со триумфот во Шпанија обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, денес од Англија пристигнуваат неверојатни вести.

Имено, угледниот „Гардијан“ ја објави веста дека „Црвените Ѓаволи“ преговараат со Ернесто Валверде за преземање на тренерската функција.

Според информациите на „Гардијан“, Валверде би бил само привремено решение на клупата на Јунајтед.

Валверде разговараше со фудбалскиот директор на Јунајтед, Џон Муртоу и наводно веќе е разговарано за списокот на потенцијални засилувања за јануари.

57-годишниот фудбалер работеше на „Камп Ноу“ со ѕвезди како Лионел Меси и Луис Суарез и поради таа причина изгледа како добар кандидат да ја контролира соблекувалната на Јунајтед.

Валверде беше отпуштен во Барселона на почетокот на 2020 година по серијата лоши резултати. Тој претходно го предводеше овој клуб до две шампионски титули во Шпанија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!