ШОК: Јувентус ќе се сели во Серија Б, но ќе му бидат одземени и титулите !?

Италијанската асоцијација за заштита на правата на потрошувачите (CODACONS) излезе со прилично шокантно тврдење дека Јувентус може да испадне во Серија Б и дека може да му биде одземена последната освоена титула поради финансиска истрага спроведена за бизнисот на клубот.
CODOCANS соработува со Олимпискиот комитет на Италија и првиот човек на оваа организација Марко Донцели, кој зборуваше за истрагата која е во тек.
Старата дама се соочува со сериозни закани
Јувентус е осомничен за погрешно прикажување на финансиските податоци, а претседателот на италијанскиот олимписки комитет изјави дека Јувентус може да биде казнет со исклучување во Серија Б и одземање на титулите поради „овие потенцијално незаконски дејствија“.
Обвинувањата се многу сериозни и фрлаат голема сенка на претходните првенства, особено ако се земе предвид доминацијата што ја имаше Јувентус, а која заврши дури минатата година“, изјави Донцели.
„Доколку Јувентус незаконски стекнал финансиска надмоќ над другите ривали, вакви матни постапки, тогаш ќе биде доведена во прашање регуларноста на претходните првенства, а како последица на тоа ќе имаме истраги кои ќе треба да ги покрене државата и Комитетот за пазарна еднаквост. Мора да бидат казнети“, продолжи тој.
„И покрај тоа што поединци ќе бидат казнети, ниту клубот нема да биде изземен од казна. Затоа, и за да ги заштитиме илјадниците навивачи, ќе поднесеме барање до државното обвинителство Јувентус да испадне во Серија Б и да му бидат одземени титулите освоени под сенката на овие потенцијално незаконски операции“.
Се огласи Јувентус
Јувентус излезе со кратко соопштение во кое уверува дека соработува со истражителите и дека е убеден дека се ќе биде разјаснето во финансиската истрага во чиј центар се наоѓа клубот.
Претседателот на клубот Андреа Ањели е исто така под истрага за наводно лажно пријавување финансии, заедно со други клупски директори, вклучувајќи ги Павел Недвед и Фабио Паратичи, кој сега е во Тотенхем.
„Јувентус ја информира јавноста дека Државното обвинителство и судот во Торино покренаа истрага против клубот и неговите поранешни и сегашни челници поради приходите од продажба на играчи и правото на регистрација. Клубот соработува со истражителите и е убеден дека сите аспекти на случајот ќе бидат решени и дека ќе се покаже дека направивме се во согласност со законот“, се вели во соопштението на Јувентус.
„Кориеро дело спорт“ тврди дека под истрага не се само Јувентус, туку и Наполи, Рома, Аталанта, Џенова и Самдорија.
Засега официјална е само истрагата против Јувентус, во петокот и саботата се претресуваа просториите на клубот во Торино и Милано, а италијанскиот весник смета дека ова е само почеток на истрага која ќе го потресе европскиот, не само италијанскиот фудбал.
За што всушност се работи ?
Основата на истрагата е да се провери вистинската вредност на трансферите на играчи во однос на објавеното и таканаречениот дополнителен профит, посебно внимание се посветува на дополнителните профити од трансфери и позајмици.
Два клуба секогаш можат да се договорат за тоа како да ја одредат цената на трансферот, иако тоа често е погрешно претставено, така што двата клуба можат да лажни извештаи во своите книги и да не ги прикажуваат сите приходи. Се покажа дека тоа најчесто се прави со млади играчи кои се дел од трансфер на поголем играч и за кои се тврди дека практично бесплатно го смениле клубот.
Наводно, истрагата трае од есента 2020 година и вклучува неколку клубови покрај Јувентус.