ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи заминува на подготовките во Анталија

Шкупи вчера ја затвори подготвителната фаза во Македонија и вечерва ќе „летне“ за Анталија, Турција каде ќе ги продолжи подготовките за пролетните предизвици во Првата македонска фудбалска лига.

Екипата веќе ги доби резултатите од последното тестирање на Ковид-19 и сите тестови се негативни, што значи дека новиот тренер Хасан Озер ќе ги има сите фудбалери на располагање, кои ќе престојуваат во хотелот „Титаник“.

Шкупи ќе остане на подготовките во Анталија до чеврти февруари, а на турско тло ќе одигра и неколку контролни натпревари. Досега се договорени три контролки, против вториот тим на Зенит, Ахмат Грозни и Лвов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!