ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи убедлив во Велес, Академија Пандев, Шкендија и Македонија ЃП до три бодови

Денес требаше да биде комплетирано 18. коло од Првата македонска фудбалска лига, но сепак истото ќе се комплетира дури во вторник, бидејќи дуелот меѓу Струга Трим Лум и Ренова беше одложен, немаше услови за игра на стадионот покрај езерото. Овој натпревар ќе биде одигран во вторник со почеток од 13:00 часот.

„Лавовите“ ја добија скопската пресметка со Работнички на Националната арена со 1:2. Гостите од Ѓорче први го отворија резултатот уште во 16. минута со гол на Арби Воша. На стартот од вториот дел капитенот Ермедин Адем ја дуплираше предноста за Македонија Ѓорче Петров, а во 62. минута Марјан Ристовски ги постави конечните 1:2.

Академија Пандев потешко од очекуваното дојде до целиот „плен“ против „фенерџијата“ Пелистер (1:0). Фарук Бихорац беше херојот на струмичани кој погоди во последната минута од натпреварот за три златни бодови.

ФОТО: Р. Дукова

Шкупи сосема очекувано триумфираше во Велес со убедливи 0:3 над Борец. Двоен стрелец беше Адетуњи Сандеј Дамиларе, а пред крајот на мечот погоди и Марко Ѓорѓиевски.

Шкендија со минимални 1:0 го совлада Скопје. Шампионот се намачи против „пиратите“ од Автокоманда, а трите бодови ги обезбеди Синдрит Гури.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!