Фудбал

Шкупи убедлив против Карадаку, Проект го доби дербито со Јувентус Серава

Викендот се одигра 12. коло од Првата футсал лига на Македонија. Дербито на колото се играше во Скопје меѓу Јувентус Серава и Проект, кое заврши со победа за гостите од 8:9.

Шкупи на домашен терен славеше убедлива победа над Карадаку од 5:1, а со ист резултат Арбен Бајрами беше далеку подобар од Кеги Моби од Велес. Железарец на домашен терен со сигурни 6:2 го доби натпреварот со Велес.

Натпреварите меѓу Астибо – Црна Река и Мал Ајакс – Кратово се одложени.

Проект е лидер на табелата со 34 бодови, еден помалку има второпласираниот Арбен Бајрами, додека на третото место е актуелниот шампион Шкупи со 29 освоени бодови. Четврт на табелата е Железарец кој има 28 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!