ФудбалФутсал

Шкупи со убедлива победа над Астибо во Штип

Актуелниот шампион Шкупи денес запиша убедлива победа над Астибо во Штип со резултат од 1:8, во натпревар од 13. коло од Првата футсал лига.

Резултатот беше отворен во 12. минута со гол на Цека Исмет. Петровиќ Драган во 17. минута зголеми на 0:2, а една минута подоцна Агуши Ферид постигна гол за 0:3.

Во вториот дел доминацијата на гостите продолжи и во 24. минута резултат се зголеми на 0:4 со гол на Сефери Еркан. Домаќинот преку Левков Петар намали на 1:4. Во 34. минута Левески Зоран постигна гол за 1:5, а во последните три минути Шкупи постигна три гола за конечните 1:8, два пати стрелаше Сефереи Еркан, а еднаш Левески Зоран.

Во следното коло Шкупи ќе биде домаќин на Кратово, додека Астибо ќе гостува во Скопје кај Јувентус Серава.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!