ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи со триумф над Македонија ЃП ја отвори новата сезона

Македонскиот шампион Шкупи со триумф ја стартуваше новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако во првиот свој меч од новата сезона со 2:1 триумфираше над Македонија Ѓорче Петров.

Овој меч беше прв и за двата тима, бидејќи Шкупи првиот меч со Тиквеш поради европските настапи го одложи, а пак „лавовите“ во првото коло беа слободни.

Кристијан Трапановски во 67. минута го отвори резултатот за водство на домашните од 1:1, а три минути подоцна Реналдо Цефас зголеми на 2:0. „Лавовите“ преку Емир Скендери во 87. минута ги поставија конечните 2:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!