Шкупи со сигурна победа над Работнички

Шкупи со 2:0 го доби Работнички на Чаир во воведниот меч од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Лидерот ја оправда фаворитската улога и со тоа прави дополнителен чекор кон освојување на титулата. Стрелец на првиот погодок беше Адетуњи Сандеј Дамиларе кој се проби на врвот од листата на стрелци во Првата лига. Последните шест минути од натпреварот Шкупи ги одигра со играч помалку откако Гаги Маргбелашвили заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Иако домаќинот беше со играч помалку на терен, сепак во судиското надополување преку Марјан Радески дојде до конечни 2:0.
„Романтичарите“ остануваат на седмата позиција барем од утре и ќе го чекаат исходот од Струмица каде ќе се соочат Академија Пандев и Струга Трим Лум.