ОстанатоФудбалФутсал

Шкупи со СЕДУМ гола го декласираше Енхалон

Фаворитот Шкупи сосема очекувано славеше над Енхалон со убедливи 2:7 во Струга во воведниот натпревар од 5. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Реџеп Сулејмани стигна до хет-трик, а двоен стрелец за гостите беше Исмет Цека, по еден гол постигнаа капитенот Арсим Фазлиу и Сали Салиевски. Стрелци за домаќинот беше капитенот Никола Пластиновски и Дарко Балоски.

Инаку, Пластиновски во 37. минута беше исклучен од игра откако заработи втор жолт картон поради неспортско однесување.

Колото ќе биде комплетирано утре, а најавата можете да ја прочитате овде.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!