Шкупи со победа над Вардар, шампионот е се поблиску до зоната за испаѓање

Екипата на Шкупи одигра нов одличен натпревар и запиша победа од 2:0 над Вардар, шампионот го запиша осмиот сезонски пораз и е се поблиску до зоната за испаѓање.
Првиот гол падна во 29. минита кога Региналдо ја погоди мрежата на Илиќ за 1:0, резултат со кој се замина и на полувреме. Шкупи беше одличен, како во првиот, така и во вториот дел од мечот. Притисокот за втор гол чаирчани го стартуваат од самиот почеток од вториот дел. Во 66. минута Илиќ по втор пат капитулираше, кога Глигоров Филип ја погоди противничката мрежа за 2:0. До крајот на натпреварот иако имаше шанси за гол, сепак резултатот не се промени.
Шкупи се зацврсти на второто место со 43 бодови, седум помалку од лидерот Шкендија, додека шампионот Вардар е на осмото место со 28 бодови, само еден бод над опасната зона за испаѓање.
Во следното Шкупи ќе има „незгодно“ гостување во Кратово кај Силекс, а Вардар иако игра дома, ќе има тешка задача против Шкендија.