ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи со нов тим: Шампионот промовираше дури 11 засилувања

Македонскиот шампион Шкупи прави комплетен ремонт на екипата, откако ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.

Шкупи кој ќе игра во квалификациите на Лигата на шампионите, промовираше дури 11 нови засилувања за следната сезона, но и за европскиот предизвик.

Одбраната е засилена со Мелос Бајрами, Ангелче Тимовски, Џелил Абдула, Марио Ричков, во средниот ред се Благоја Спирковски, Алекс Златков, Фикрет Ливарека, Кристијан Ацковски, додека пак нападот е засилен со Пепи Ѓорѓиев, Реналдо Цефас и Антонио Каланоски во нападот.

Момците на Гоце Седлоски во првото квалификациско коло ќе се соочат со Линколн Ред Импс од Гибралтар. Доколку Шкупи го помина првото квалификациско коло ќе се соочи со Динамо Загреб, доколку македонскиот шампион загуби, тогаш се сели во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!