ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи со гол од пенал до триумф над Силекс во Кратово

Фаворитот Шкупи со гол од пенал дојде до победа над Силекс во Кратово, во натпревар од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Силекс одигра одличен натпревар и му парираше на Шкупи во текот на целиот натпревар. Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни.

Во вториот дел, Благојевиќ Дејан доби црвен картон во 77. минута, а по досудениот пенал за Шкупи, Алварез успешно реализираше за водство од 0:1 за чаирчани. Во 91. минута дефанзивецот Серафимовски Јордан доби доби втор жолт картон со што беше исклучен од игра.

Силекс сега падна на деветтото место на табелата со 23 бодови, додека Шкупи е втор со 40 бодови, шест помалку од лидерот Шкендија.

Целата табела од Прва лига погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!