ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи се засили со младиот репрезентативец Трапановски

Шкупи одигра одлична есен и заврши на второто место во Првата македонска фудбалска лига и веднаш започна да размислува за засилувања за пролетните натпревари, а денес го потврди своето прво официјално засилување.

Во редовите на клубот од Чаир пристигнува младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски кој потпиша едногодишен договор.

„Одлучив да ја прифатам понудата на Шкупи бидејќи тоа е добро организирам клуб со високи цели, клубот кој е поамбициозен за шампионска титула и кој скоро секоја сезона игра во еврипските натпреварувања. Бев исто така многу импресиониран од тоа како тие работат со млади играчи, на кои им се дава голема шанса. Чест и задоволство ми е да играм за еден од најдобрите клубови во нашата лига и клубот што ја има најдобрат навивачка група во Македонија. Се надевам на голем успех и едвај чекам да да го облечам бело-синиот дрес“, изјави Трапановски.

21-годишниот офанзивец во својата кариера настапувано за Академија Пандев, Славија Прага Б, Тратран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова. Во есенскиот дел од тековната сезона настапуваше за Академија Пандев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!