Куп на МакедонијаФудбалФутсал

Шкупи се намачи, но го елиминираше Кеги Моби во Купот

Вечерва во Велес се одигра првиот дуел од четвртфиналето од футсал Купот на Македонија меѓу Кеги Моби и Шкупи кој заврши со минимални 0:1 во полза на гостите од Скопје.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Новиот шампион во Првата футсал лига доби сериозен отпор во Велес од актуелниот лидер во Втората футсал лига, Шкупи се намачи и дури во финишот од мечот успеа да го скрши отпорот на Кеги Моби, откако Таулант Исмаили во 40. минута ја погоди противничката мрежа за конечните 0:1 со што Шкупи патува во полуфиналето.

Утре ќе се одиграат уште два натпревари од четвртфиналната рунда. Арбен Бајрами ќе го пречека Железарец, додека пак Карадаку ќе биде домаќин на Велес. Шкендија службено го доби дуелот со Проект и веќе е во полуфиналето.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!