ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Шкупи потпиша со Абази и Есеини

Од вчера Шкупи со новиот стратег Хасан Озер ги започна подготовките за пролетната полусезоната во Првата македонска фудбалска лига, а денес клубот се засили со младите фудбалери Реџјан Абази и Билал Исени.
Абази игра во нападот и има 18 години, тој е државјанин на Канада, а својата кариера ја има започнато во Универзитетот Мекгил, а во Чаир пристига од редовите на Работнички, каде играше во младинските категории.
19-годишниот Исени потекнува од школата на Шкупи и игра на позицијата лев дефанзивец, а во својата кариера има настапувано за второлигашите Вардар Фотино и Велазерими.