
Во петокот стартуваше 10. коло од Првата футсал лига. Велес на домашен теерн со 6:3 беше далеку подобар противник од штипски Астибо. Најдобар играч кај велешани беше Мартин Калчев кој постигна пет погодоци.
Во саботата лидерот на табелата Проект Цико ја оправдата фаворитската улога со убедлива победа од 8:5 над Црна Река. Домаќините до 6. минута имаа водство од 2:0 со головите на Ивановски и Андов. Гостите одиграа подобро и го сврте резултатот во нивна полна за 2:3, а стрелци на головите беа Темелков, Павлов и Мехмединовиќ. Домаќините преку Ранготов израмнија, но гостите веднаш го вратија водството на 3:4 преку Мехмединовиќ, а само 60. секунди подоцна Јосиф Јованов погоди за 4:4, по што следуваше одлична игра на Проект Цико и зголемување на водството. Костадинов за 5:4, а Ранготов за 6:4. Црна Река се обиде да се врати во игра и намали на 6:5 со голот на Мицев. Одличната игра на домаќините продолжи и со двата гола на Костадинов ги поставија конечните 8:5.

Вчера беа одиграни три натпревари. Шампионот Шкупи ја прегази очајната екипа на Мал Ајакс од Штип со високи 12:1. Домаќинот немаше воопшто проблеми со штипјани. До 14. минута од натпреварот Шкупи имаше водство од 3:0 со двата гола на Петровиќ и Левески. Гостите постигна гол за 3:1 преку Тиквешанац, кој беше единствен гол за нив до крајот на натпреварот. За 4:1 погоди повторно Левески, а потоа Сефери за 60. секунди постигна два гола и резултатот беше 6:1. Искусниот Зоран Левески стрелаше за 7:1, а потоа следуваше серија од пет погодоци за 3 минути. Прво погоди Димовски, а потоа два пати стрелаше Сефери, Петровиќ и Јакупи за конечни 12:1.
Арбен Бајрами дојде до голема победа над Карадаку на гостински терен од 2:4. Први до водство дојдоа домаќините во 4. минута со голот на Шукрија, а по 60. секунди водството се зголеми на 2:0 со нов гол на Шукрија. Двата гола како да ги разбуди гостите и за две минути постигнаа три гола. Во 11. минута погоди Сулејмани, потоа Стојковски и Репеџи во 14. минута, со што Арбен Бајрами имаше водство од 2:3. Во 38. минута Веселовски постигна гол за конечни 2:4.
Кратово претрпе со нов пораз, откако на домашен терен загуби од Железарец со 3:9. Домаќините на натпреварот играа само со пет играчи, без ниту еден резервен играч. Резултатот беше отворен во 4. минута со голот на Даиловски, а по две минути домаќините преку Давид Велковски израмнија на 1:1. Гостите влегоа во ритам и преку Богески дојдоа до ново водство од 1:2, и следуваше тотална доминација, Стојкоски погоди за 1:3, а потоа за шест минути паднаа шест гола. Кајсторовски постигна два гола, стрелаше и Миленкоски за 1:7, беше досуден пенал со што домаќините намалија на 2:7, а успешно реализираше Филипов. Железарец продолжи со одличната игра и повторно преку Богески зголеми на 2:8, пет минути подоцна Велковски погоди за 3:8, а конечни 3:9 ги постигна Кајсторовски.
Колото ќе биде комплетирано денес со мечот меѓу Кеги Моби и Јувентус Серава. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот и се игра во Велес.