ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи му даде отказ на Умит Каран, клубот сезонава ќе има трет тренер

Шкупи одигра фантастична есен во Првата македонска фудбалска лига и заврши на второто место на табелата со реални шанси за пролетна борба за титулата. Иако одлични резултати, сепак клубот од Чаир сезоната ќе ја продолжи под водство на нов тренер кој ќе биде трет за ова сезона, откако денес Умит Каран доби отказ.

Од клубот велат дека причината за отказот на Каран се лошите резултати на последните три натпревари од домашниот шампионат, каде екипата запиша два ремија и еден пораз.

Клубот сезоната ја започна со Мухамед Бајрами по што следуваше раскинување на соработката и го назначи Каран како негов наследник. Шкупи има големи амбиции и атакува на титулата во ПМФЛ, а од клубот има најави за големи засилувања, кои ќе го направат тимот да биде посилен за пролетниот дел од сезоната, кога ќе се води големата и главна битка за првата позиција.

Раководстово на клубот сега бара нов тренер кој ќе ја предводи екипата во пролетниот дел од сезоната.

Во однос на есенскиот дел, Шкупи запиша девет победи, шест ремија и три порази, со вкупно 33 бодови е на второто место на табелата колку што има и Македонија Ѓорче Петров која е трета. Клубот од Чаир во однос на лидерот Шкендија има шест бода негатива.

Пролетниот дел Шкупи го отвара со гостувањето во Велес каде ќе се соочи со екипата на Борец.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!