
Денес беше отворено 9. коло од Првата футсал лига на Македонија со два натпревари во Скопје и Валандово.
Актуелниот шампион Проект со 12:1 ја декласираше Црна Река од Кавадарци која не даваше никакви знаци на отпор против домаќинот од Валандово.
До хет-трик во „Филип Втори“ стигнаа Иван Крстевски и Драган Петровиќ, двоен стрелец за Проект беше капитенот Дарко Ранготов, а по еден гол постигнаа Мартин Тодоровски, Мартин Мехмединович, Александар Михајлов и Мирче Стојанов. За гостите од Кавадарци стрелец на единствениот гол беше Зоран Павлов.
Непоразениот лидер Шкупи вечерва ја искина мрежата на Шкендија со високи 18:0 триумфираше за деветта сезонска радост. Зоран Левески постигна дури четири погодоци, а хет-трик запиша Еркан Шабани и Реџеп Сулајмани, двојни стрелци беа Исмет Сека, Арсим Фазлиу и Сали Салиевски, а по еден гол постигнаа Бејтула Јакупи и Иван Сотировски.
Лидер на табелата останува Шкупи со 27 бодови, а шампионот Проект е втор со 24 бодови.
Колото ќе биде комплетирано утре.
Еден Коментар