
Денес беше комплетирано 10. коло од Првата футсал лига на Македонија.
Лидерот на табелата Шкупи со убедливи 10:3 го збриша Јувентус Серава и продолжува да нижи победи. Искусниот Зоран Левески уште еднаш покажа зошто е мајстор на футсалот и со четири гола ја искина мрежата на противникот. Двојни стрелци за домашните беа и Бурак Мемедов, Еркан Сефери и Иван Сотировски. За гостите стрелаа Бесарт Љусјани, Омер Османи и капитенот Осман Мустафа.
Карадаку со 0:3 го доби Велес на гостински терен, а Јасир Зекири со хет-трик сам го победи противникот.
ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ФУТСАЛ ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА:
