
Дербито на Чаир го доби актуелниот футсал шампион кој со убедлива победа од 3:9 славеше над Јувентус Серава, во меч до 15. коло од Првата футсал лига.
Домаќинот рано го отвори резултатот во 2. минута од мечот со гол на Салиевски Сали. Шкупи со два брзи гола го сврте резултатот и поведе со 1:2. Во 13. минута погоди Незер Ељјеса, а минута подоцна Глигоров Александар за прво водство на шампинот. Одличната игра му донесе ново водство на Јувентус Серава. Прво стрелаше Шабани Фуркан за 2:2 во 16. минута, а три минути подоцна со нов гол Салиевски донесе водство од 3:2 за домаќинот. Пред крајот на првиот дел Цека Исмет ја погоди противничката мрежа за 3:3 на полувреме.
Во вториот дел шампионот ги „запали моторите“ и го прегази домаќинот. Првите десет минути од второто полувреме мрежите мируваа, а потоа Цека со два нови гола донесе ново водство за Шкупи од 3:5. Искусниот Левески Зоран постигна гол за 3:6 во 33. минута. Јувентус Серава немаше сили да го запре налетот на Шкупи, кој преку четврт гол на Цека во 35. минута имаше водство од високи 3:7. Една минута подоцна Шабани Еркан постигна гол за 3:8, а конечните 3:9 ги постави Незир Ељјеса.
Дербито го судеше искусниот Исмаили Музафер, а втор судија на мечот беше Шоповски Славче.