
Викендот се одиграа осминафиналните натпревари од футсал Купот на Македонија.
Во саботата се одиграа два големи дерби натпревари. Во првиот Шкупи со 1:4 беше подобар од екипата на Железарец, додека во вториот Арбен Бајрами со 3:1 запиша победа над Проект и обезбеди четвртфинале.
Кеги Моби ја оправда фаворитската улога со убедливата победа од 7:2 над второлигашот Овче Поле, додека Мал Ајакс на домашен терен во Штип со 3:4 беше елиминиран од Црна Река.
Во неделата сензација во Штип, амбициозниот второлигаш Велешта со 10:6 го декласираше Астибо и си обезбеди место во четвртфиналето. Во Кавадарци фаворитот Карадаку со 3:8 беше далеку подобар од второлигашот Клими, а интересен дуел имаше во Скопје, каде Јувентус Серава се намачи со второлигашот Шкендија, откако одиграа 6:6, на пенал рулетот прволигашот се покажа поуспешен и закажа четвртфинале.