
Вчера се комплетираше 7. коло од Првата футсал лига. Шкупи со 2:7 го декласираше Велес и ја запиша петата сезонска победа, додека во Кавадарци екипата на Црна Река со високи 7:3 беше далеку подобар противник од Кратово.
Во средата беа одиграни два натпревари. Астибо загуби на домашен терен со 2:4 од екипата на Карадаку, додека Железарец на домашен терен беше декласиран од Арбен Бајрами со резултат од 1:7.
Во воведните натпревар кои беа одиграни во вторникот, екипата на Проект Цико со 10:4 го прегази Кеги Моби од Велес, додека Јувентус Серава со 6:2 беше пресилен за „фенерџијата“ Мал Ајакс од Штип.
Лидер на табелата е СК Проект Цико со максимални 18 бодови, два помалку има Шкупи, додека на третото место е Арбен Бајрами со 15 бодови. На дното од табелата се двата штипски клуба Мал Ајакс и Астибо кои имаат по два освоени бодови.
Осмото коло ќе стартува денес, а ќе биде завршено во недела.