ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи ги започна подготовките, Хасан Озер е нов тренер, Трапановски нови име во Чаир

Шкупи од денес ги започна подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Клубот од Чаир доби нов тренер за пролетниот дел од ПМФЛ.

Нов предводник е Турчинот Хасан Озер кој денес се запозна со фудбалери и го одработи првиот тренинг.

Ново име во клубот е Кристијан Трапановски кој доаѓа од редовите на Академија Пандев, а клубот преговара и со Стоилов и Серафимов, исто така од Академија Пандев. За пролетните предизвици Шкупи нема да го има Дарбо кој го продаде во Белорусија по фантастичната полусезона во ПМФЛ. Покрај напаѓачот од Гвинеја, Шкупи се раздели и со Јусифи и Глишиќ.

Екипата ќе се подготвува во Анталија, каде ќе одиграат намалку пет тест натпревари. Шкупи есенскиот дел го заврши на второто место на табелата со 33 бодови колку што имаат и „лавовите“ кој се на третото место на табелата и имаат негатива од 6 бода во однос на есенскиот шампион Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!