ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи ги стартува подготовките

Есенскиот првак Шкупи го заврши одморот и веќе од утре ги стартува подготовките за пролетниот дел од Првата лига.

Чаирчани на 15. јануари заминуваат за Анталија, каде ќе ја реализираат главната фаза и ќе останат до 2. февруари.

Момците на Гоце Седлоски имаат закажано и три контролни натпревари.

На 18. јануари Шкупи ќе игра против Лех Познањ од Полска, за 26. јануари е закажан тест со Черноморец Одеса, а на 31. јануари со Ахмат Грозни.

Планирани се уште неколку пријателски меча кои треба дополнително да бидат договорени.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!