ФудбалФутсал

Шкупи елиминиран во ЛШ од Керсон во Украина

Македонскиот футсал шампион Шкупи денес загуби во Украина од Керсон со 5:1 во 1/16 финалето од Лигата на шампионите. Украинците важеа за голем фаворит на овој меч и со сигурна и убедлива победа обезбездија нова фаза од ЛШ.

Керсон имаше одличен старт и веќе во 3. минута од натпреварот имаа водство од 2:0 со погодоците на Зварич и Билоцеркивец. Со овој резултат и се замина на полувреме.

Целиот натпревар.

На почетокот од вториот дел имаше возбуда. Најпрво Де Роса промаши пенал, а четири минути подоцна Клудио си постигна автогол за 2:1. Помалку од минута беше потребно за Билоцеркивец да ја погоди мрежата на Шкупи за 3:1. Во последните три минути од натпреварот преку Клудио и Де Роса беа поставени конечните 5:1.

Шкупи ги завршува настапите во елитното натпреварување и ќе се фокусира на домашното првенство каде ќе се игра атрактивна пролет за шампионската титула.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!