ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Шкупи доби уште едно засилување – го врати Бесник Ферати

Шкупи го врати 21-годишнен играч за врска, Бесник Ферати на „Чаир“, кој потпиша договор на една и пол година.
„Многу сум среќен што се враќам во Шкупи. За мене е посебна емоција да се биде дел од тим во кој имам убави спомени и се надевам дека ќе имам многу успеси. Ќе се обидам да го дадам максимум за боите на овој дрес кој е посебен за мене. На навивачите им ветувам дека ќе дадам сè од себе за Шкупи“, изјави Бесник Ферати.
Македонскиот младински репрезентативец беше дел од Академија Пандев минатата сезона, а настапуваше и за албанскиот Партизани.