ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија во финишот му врати на Пелистер, битолчани минимално поразени во Тетово

Шкендија со минимална победа од 1:0 славеше над Пелистер и му врати за поразот од последното коло од есенскиот дел, во меч од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Лидерот беше фаворит на дуелот одигран на Градскиот стадион во Тетово, но потешко од очекуваното дојде до трите бодови, бидејќи голот падна доцна, во 88. минута, а стрелец на погодокот беше нововлезениот Нафиу Ваљмир, со што трите бодови останаа во Тетово.

Шкендија е лидер во ПМФЛ со 50 бодови и има предност од 7 бодови во однос на конкурентот Шкупи кој е втор, додека Пелистер со 28 бодови е на седмото место.

Во следното коло Шкендија ќе гостува во Скопје каде ќе игра дерби со шампионот Вардар, додека Пелистер ќе гостува во Велес кај Борец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!