
Екипата на Шкендија запиша убедлива победа од високи 13:3 над Велешта, со што беше комплетирано 11. коло од Втората футсал лига. Играч на натпреварот е Муртезани Едис.
Резултатот во Тетово беше отворен уште во 1. минута со гол на Ибраими Валтрим за водство на Шкендија од 1:0. Во 10. минута Муртезани Едис ја погоди противничката мрежа за 2:0, а една минута подоцна на сцена стапи Нуриши Елвир кој за четири минути постигна два погодоци со што Шкендија веќе до 15. минута водеше со 4:0.
На стартот од вториот дел Велешта преку Ѓетали Белќија намали на 4:1, а само една минута подоцна Хашими Агон постигна два гола за 6:1. Шеху Мухарем во 24. минута постигна гол за 6:2, а Ѓетали со втор гол намали на 6:3. Домашната екипа повторно започна со доминација на теренот и во 28. минута Нуриши повторно стрелаше за високи 7:3. Два нови гола постигна Хашими за водство од 9:3 до 30. минута. Во листата на стрелци се запиша и Фејзулахи Кастриот кој постигна гол во 33. минута за 10:3, а Ибраими Валтрим со втор гол зголеми на 11:3. До крајот на натпреварот Шкендија постигна уште два гола, за 12:3 стрелаше Зибери Мухамед, додека конечните 13:3 ги постави Цека Шкелќим во самиот финиш од натпреварот.
Шкендија е лидер Втората футсал лига и чекори кон промоција во Првата футсал лига.