ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија со победа во Кратово над Силекс

Лидерот Шкендија дојде до голема победа над Силекс во Кратово, откако со 1:2 беше подобар во 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци први го отворија резултатот во 22. минута со гол на Иван Ивановски. Пред крајот на првиот дел Шкендија дојде со израмнување по постигнатиот автогол на Драшковиќ Срѓан.

Во вториот дел Љупчо Дориев во 57. минута постигна гол за водство на Шкендија од 1:2.

Шкендија е лидер на табелата со 42 бодови, додека Силекс останува на осмото место на табелата со 22 бодови. Во следното коло Шкендија ќе игра големо дерби со Вардар во Тетово, додека Силекс ќе гостува кај Работнички во Скопје.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!