ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија со нова победа над Силекс во Тетово, чекори кон нова титула

Шкендија продолжува со позитивната серија резултати во Првата македонска фудбалска лига и чекори кон нова титула, откако на Градскиот стадион во Тетово со 2:1 беше подобра од Силекс.

Во првиот дел од натпреварот Шкендија имаше поголем број на шанси за погодок, но мрежите мируваа, па на полувреме резултатот беше 0:0.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Во вториот дел, домашната екипа со гол на Нафиу Ваљмир стигна прва до водство од 1:0 во 63. минута. Нововлезениот Горгиев Пепи во 76. минута ја погоди мрежата на противникот за 1:1. Девет минути подоцна Ибраими Бесарт ја затресе мрежата на кратовчани за конечни 2:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!