Шкендија со највисок ваучер во фудбалот, Вардар со највисок во ракометот, ФФМ пак без ваучер, РФМ доби највисок!

Шкендија како фудбалски клуб и годинава ќе земе најголем ваучер од Агенцијата за млади и спорт, Вардар како ракометен клуб добива највисок ваучер, додека пак МЗТ Скопје добива највисок ваучер во мак-кошарката.
Шкендија е на врвот на листата со 10.850.000 денари, а потоа следуваат Шкупи и Струга Трим Лум со по 9.850.000 денари.
Ракометниот клуб Вардар доби ваучер во висина од 17.500.000 денари, а веднаш за двократниот европски шампион е Еурофарм Пелистер со 16.500.000 денари, а металург е трет со 12.000.000 денари.
Во кошарката како што кажавме МЗТ Скопје има 12.300.000 денари, а пак Работнички има 10.800.000 денари.
На овој ЛИНК можете да видите колку изнесува ваучерот за сите клубови (во сите спортови).
Ракометната федерација на Македонија доби 15.800.000 денари односно највисок ваучер од сите федерација, додека пак Фудбалската федерација на Македонија повторно нема ваучер односно не добива ништо.
На овој ЛИНК можете да видите која федерација колкав ваучер доби.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<