ОстанатоФудбалФутсал

Шкендија со голем триумф над Карадаку го отвори колото

Вечерва во Тетово беше отворено 11. коло од Првата футсал лига на Македонија, каде екипата на Шкендија со 6:4 го доби Карадаку.

Гостите пружија голем отпор кон противникот со оглед на фактот дека во Тетово допатуваа само со пет играчи без ниту еден резервен играч на клупата.

Двојни стрелци за домашната екипа беа Елвир Нуриши и Сунај Мустафи, а по еден погодок постигнаа капитенот Меритон Халили и Един Муртезани.

За гостинската екипа Сами Аљиљи постигна хет-трик, а стрелец на еден погодок беше и Шуајб Шукрија.

За Шкендија ова е трет сезонски триумф, додека пак Карадаку го забележа петтиот сезонски пораз.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!