ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија со двајца играчи помалку го доби Работнички, Силекс со луд пресврт ја совлада Брегалница

Шкендија и Силекс преку пресврт стигнаа до победи, „пандевци“ само до бод во Прилеп, а „лавовите“ беа подобри во дуелот со Скопје, 11. коло од Првата македонска фудбалска лига беше ефективно со многу погодоци.

Работнички на домашен терен беше поразен од Шкендија во меч каде тетовци беа со двајца играчи помалку на терен и преку пресврт стигнаа до својот петти сезонски триумф (2:4).

Методи Максимов уште во 7. минута го отвори резултатот за водство на „романтичарите“, а до крајот нап рвиот дел Аденис Шала ја погоди противничката мрежа за 1:1 на полувреме.

На стартот од вториот дел Влатко Стојановски погоди за водство на Шкендија од 1:2. Во 68. минута резервистот Иво Јанакиевски стрелаше за 2:2. Капитенот на Шкендија, Ферхан Касани заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Но, тоа не беше проблем за Шкендија, а пак Работнички не го истористи тој момент. Тетовци со играч помалку на теренот преку Башким Велија го вратија водстводо на 2:3 во 73. минута од мечот. Само четири минути подоцна Мевлан Мурати доби директен црвен картон поради спречување на очигледна шанса за гол.

На пет минути пред крајот на првиот дел Стојановски постигна втор гол и ги постави конечните 2:4 за големо славје на Шкендија, која сега е на второто место натабелат со шест бода негатива во однос на непоразениот лидер Струга Трим ЉУм.

Академија Пандев никако да победи, по четирите последователни порази, „пандевци“ денес одиграа 1:1 против Победа во Прилеп.

Струмичани први стигнаа до водство со голот на Кристијан Велиновски постигнат во 60. минута од мечот. По 15 минути игра Хамза Рамани постигна гол за конечните 1:1 и поделба на „пленот“.

Македонија Ѓорче Петров на домашен терен со сигурни 2:0 славеше во мечот против Скопје. Адама Самаке беше стрелец на голот за водство од 1:0 за „лавовите“, а пак во вториот дел, во 75. минута Вања Вучичевич постигна гол за 2:0.

ФОТО: Спортска Мрежа

Силекс со луд-пресврт стигна до петата сезонска победа, откако на Градскиот стадион во Штип славеше со 2:3 над Брегалница. Кратовци брзо го заборавија поразот од Победа на домашен терен (0:3) и во Кратово се враќаат со цел „плен“.

Стартот од натпреварот во Штип донесе три брзи погодоци. Дамјан Масевски уште во 5. минута го отвори резултатот за водство на Силекс, а по три минути подоцна Ѓорѓи Ѓорѓиев стрелаше за 1:1. Штипските „сини“ во 23. минута преку Александар Ристевски стигнаа до водство од 2:1, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во вториот дел гостите од Кратово направија комплетен пресврт, откако најпрво Давид Манасиевски во 64. минута погоди за 2:2, а пак Марјан Ристовски во 75. минута беше стрелец на победничкиот гол.

Колото ќе биде комплетирано утре со дербито на колото кое се игра на Чаир меѓу актуелниот шампион Шкупи и непоразениот лидер Струга Трим Љум.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!