ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија славеше над Лачи во пријателски натпревар одигран во Струга

Македонскиот шампион Шкендија запиша победа и на третиот пријателски натпревар овој пат против Лачи од Албанија со 2:1 во Струга покрај езерото.

Тетовчани стигнаа до победа преку пресврт откако во првите 45 минути имаа негатива од 0:1. Бесарт Ибраими и Дашмир Елези ја обезбедија победата за Шкендија во вториот дел од натпреварот.

Пред почетокот на квалификациите за Лигата на шампиони, Шкендија ќе одигра уште еден контролен натпревар против ЦСКА Софија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!