ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија шампион, Струга Трим Лум во Европа, „пандевци“ обезбедија сигурен опстанок!

Струга Трим Лум сама си ја заврши работата откако во Кратово со минимални 0:1 славеше над Силекс и обезбеди излез во Европа. Стружани ја остварија целта и ги оставија „лавовите“ со празни раце, додека кратовчани ќе играт бараж за опстанок во Првата лига. Македонија Ѓорче Петров со 0:2 славеше над Вардар, но џабе победа кога нема да игра во Европа. „Црвено-црните“ од следната сезона за прв пат ќе играт во Втората лига – Запад.

Академија Пандев на домашен терен со 3:1 славеше над Борец и обезбеди сигурен опстанок во елитата и за следната сезона. „Пандевци“ ја остварија својата зацртана цел која беше зацртана со новиот тренер Александар Васовски. Втората цел за Академија Пандев ќе биде освојување на Купот, а финалето ќе го играт на 19. мај против Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ренова со реми (1:1) против Работнички ја затвори сезоната и ќе игра бараж за опстанок во ПМФЛ. Пелистер сосема очекувано со 2:0 славеше над Беласица која од следната сезона се враќа во Втората лига – Исток. Шампионот Шкендија одигра 1:1 против Шкупи и со реми ја затвори шампионската сезона.

Шкендија е нови шампион и ќе игра квалификации за Лигата на шампиони, додека во Европа ќе патуваат и Шкупи како втор и Струга Трим Лум како трета. Прва лига ја напуштаат Беласица како последна и Вардар како претпоследен, додека бараж за опстанок ќе играат Ренова и Силекс против Тиквеш и Охрид.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!