Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија против Мура во првото квалификациско коло за ЛШ!

Шампионот на Македонија, екипата на Шкендија во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони ќе игра против Мура од Словенија, откако денес во просториите на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за одредување на паровите во квалификациите од ЛШ.

Шкендија првиот натпревар го игра на домашен терен на 6 или 7 јули, а вториот на гостински терен на 13 или 14 јули.

Доколку Шкендија мине едно коло во квалификациите во ЛШ, а потоа биде елиминирана ќе игра квалификации за Лигата на Европа. Доколку биде елиминирана од Мура, тогаш тетовчани ќе продолжат во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!