ФудбалФутсал

Шкендија пресилна за СЕЕ Университи за 1/8 финале од футсал Купот

Шкендија со убедлива победа од 3:11 над СЕЕ Университи обезбеди 1/8 финале од футсал Купот на Македонија.

Екипата на Шкендија првото полувреме го доби со високи 1:7 и веќе се беше решено. Резултатот го отвори Университи со гол на Елмази, а потоа Шкендија ја „торпедираше“ мрежата на противникот. Во листата на стрелци за Шкендија во првиот дел се запишаа Халили, Хашими и Нуриши со по два гола, Зибери и Салихи.

Во вториот дел одличната игра на Шкендија продолжи и на стартот зголеми на 1:8 преку Хашими. Два гола постигна екипата на Университи за 3:8 преку Исени и Мемеди. До крајот на натпреварот во листата на стрелци за Шкендија се запишаа Ганија со два гола и Хашими со нов гол за конечни 3:11.

Шкендија за противник во 1/8 финале од футсал Купот ја доби екипата на Јувентус Серава.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!