
Лидерот Шкендија со 10:2 славеше над Овче Поле во натпревар од 7. коло од Втората футсал лига.
Домаќинот беше апсолутен фаворит на натпреварот и фаворитската улога ја оправда со убедлива победа и тотална доминација на теренот.
Резултатот беше отворен во 2. минута од мечот во Тетово со гол на Халили Меритон, а четири минути подоцна Хашими Агон погоди за 2:0. Одличната игра продолжи и до крајот на првиот дел Шкендија постигна уште една погодоци. Стрелец на третиот гол за Шкендија беше Муртезани Едис, а втор гол постигна Меритон за 4:0 на полувреме.
На стартот од вториот дел гостите од Свети Николе преку Стојковиќ Никола намалија на 4:1. Имери Натмир погоди за 5:1, а Русевски Павел намали на 5:2. Два нови погодоци постигна Меритон за 7:2. Во 32. минута Едис постигн нов гол за 8:2, а конечните 10:2 ги постави Натмир со нови два погодоци.
Шкендија е лидер во Втората футсал лига и фаворит за влез во Првата футсал лига.
Во следното коло Шкендија ќе игра градско дерби во Тетово со СЕЕ Университи, додека екипата на Овче Поле ќе биде слободна.