ФудбалФутсал

Шкендија немаше милост на дербито во Кавадарци – го прегази Клими

Денес во Кавадарци се одигра последниот натпревар од 6. коло од Втората футсал лига.

Лидерот Шкендија вечерва во Кавадарци допатува со осум играчи и запиша убедлива победа против Клими од 0:8 и уште еднаш потврди дека ќе биде главен фаворит за прво место и влез во Првата футсал лига.

Во првиот дел од натпреварот одигран во „Јасмин“ паднаа пет гола. Зибери Мухамед го отвори резултатот во 7. минута, а потоа следуваа два брзи гола за 0:3 до 13. минута, стрелци на погодоците беа Халили Меритон и Цека Шкелќим. Во 16. минута Амети Фљорим ја погоди противничката мрежа за 0:4, а пред крајот на првото полувреме Муртезани Едис постигна гол за висока предност од 0:5.

Ниту во вториот дел од натпреварот немаше промени. Шкендија продолжи да диктира темпо со убедливата игра. Халили Меритон постигна нов гол за 0:6, а втор гол постигна и Муртезани Едис за 0:7. Пред крајот на натпреварот, втор гол постигна и Амети Фљорим за конечни 0:8.

Во следното коло Шкендија ќе биде домаќин на Овче Поле каде ќе важи за апсолутен фаворит, додека Клими ќе биде слободен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!