Шкендија најави дека ниту ќе даде делегати на Собранието на ОФС Тетово, ниту ќе го признае за валидно Собранието на ФФМ!

Најсериозниот кандидат за шампионска титула во ПМФЛ, Шкендија преку соопштение се огласи дека нема да го признае претстојното Собрание на ОФС Тетово закажано за два дена, бидејќи неприфатливо е да има само три делегати на истото.
Шкендија смета дека изборите во ФФМ треба да се одложат после настапот на Македонија на Европското првенство.
Во продолжение соопштението на Шкендија:
„Земајќи ги во предвид најновите случувања во врска со изборните собранија за организациско претставување на фудбалот како на локално ниво (Општинска фудбалска лига Тетово), така и на централно ниво (Фудбалска федерација на Македонија), Шкендија го објавува мислењето, релевантни институции, дека воопшто нема да учествува во овој процес во формата во која веќе започна и продолжува, и со тоа нема да ја прифати валидноста на овие избори организирани во овој недемократски, дискредитациски и неразвиен формат за фудбал, за следните четири години од мандатот на овие избори.“
„На 18 февруари е закажано Изборното Собрание за избор на претседател на ОФС Тетово. Тековниот Статут е дискредитирачки и предвидува само три делегати од Шкендија во ОФС Тетово (колку што имаат некои клубови од пониските рангови на Тетово) од вкупно 35-40 делегати кои го сочинуваат ова Собрание. Наша проценка е дека овој Статут во сегашната форма кој се користи за овие избори не овозможува соодветно претставување на Шкендија, но исто така и на другите клубови и инвеститори во Тетово според пропорцијата наспроти придонесот што го даваат во локалниот фудбал. Покрај ова, истовремено ги следиме случувањата и на центрачлно ниво со Изборно Собрание закажано за 14 март и сметаме дека сегашниот застарен статут на ФФМ се користи за оваа недемократска дискретитациска и неразвиена изборна организација. Овој статут и изборен процес овозможуваат и штитат застарен и затворен еко-систем од ОФС до ФФМ, каде правото да се заспатува со апсолутно мнозинство и да се носат одлуки на повисоките нивоа им се дава на поеднци и други измислени субјекти од минатото, кои нудат или малку или ништо за локалниот фудбал. Од друга страна, инвеститорите, клубовите и спортистите со значителни заслуги се целоско игнорирани.“
„Како резултат на сите овие неправилности, Шкендија најавува дека нема да назначи никакви делегати за организација на Изборното Собрание на ОФС Тетово на 18 февруари, ниту за Изборното Собрание на ФФМ на 14 март, па оттаму не ја прифаќаме валидноста на овие избори во дормат со кои ги заобиколуваат Шкендија и другите заслужени во фудбалот во земјава. Главните клубови и инвеститори во фудбалот треба да бидат со вистинска пропорционалност застапени во организација на фудбалот. Веруваме дека институциите вклучени во досегашните дискусии за овие избори, ФФМ и Агенцијата за малди и спорт имаат време да го пронајдат вистинскиот компромис за оваа година, прво да помине учеството на Македонија на Евро 2021, а потоа нови избори во ОФС и ФФМ после прилагодување на Статутот и одредување на соодветна застапеност. Затоа најдобриот компромис е да се одложат изборите во ФФМ за почетокот на 2022 година.“