Шкендија како домаќин ќе игра во Гостивар, дерби во Битола и Кратово

Утре се играат натпревари од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. Сите напревари ќе се одиграт во ист термин со почеток од 13:00 часот. До крајот од сезоната остануваат уште три кола, вклучувајќи го и утрешното.
Бидејќи Шкендија и Ренова треба да играат како домаќини, а натпреварите се играат во ист термин, договорено е новиот шампион да игра на Градскиот стадион во Гостивар, а таму како домаќин ќе ја пречека Струга Трим Лум. Ренова во Тетово ќе ги одмери силите со Беласица која веќе е испадната во Втора лига.
Дерби за опстанок ќе се игра во Битола и Кратово. На „Под Тумбе Кафе“ ќе се соочат Пелистер и Академија Пандев, три бодови важни во битката за сигурен опстанок во елитата. Во второто дерби за опстанок Силекс ќе биде домаќин на велешки Борец, а неизвесноста по трите бодови и овде ќе биде голема.
Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра најважниот натпревар против Работнички. Трите бодови се потребни за вардарци да ги зголемат шансите за опстанок, во случај на пораз тешко дека ќе можат да се надеваат на опстанок, бидејќи Ренова игра против Беласица и има големи шанси да ги зграпчи трите бодови. Македонија ЃП ќе му гостува на Шкупи и ќе игра важен натпревар во борбата за задржување на третото место и излез во Европа.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ