Шкендија ја прекина соработката со Рубин Хебај

Актуелниот шампион Шкендија спогодбено ја раскина соработката со Рубин Хебај. 23-годишниот напаѓач во Тетово пристигна како големо засилување, но не успеа тоа да го оправда теренот и да се наметне за сигурно место во првиот состав.
„Шкендија објавува раскинување на соработката со напаѓачот Рубин Хебај. Напаѓачот Хебај нема да биде дел од црвено-црниот тим, додека договорот за раскинување на соработката е билатерален. Потсетуваме, Хебај во нашиот тим дојде во јануари годинава и со Шкендија ја освои титулата шампион на Македонија. Шкендија му се заблагодарува на Рубин за придонесот во црвено-црниот дрес и му посакуваме здравје и многу успеси во кариерата“, се вели во соопштението од тетовскиот клуб.
Претходно, Шкеднија се раздели и со Арменд Алими.