ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија ја прекина соработката со Павиќ и Вандерсон

Македонскиот шампион Шкендија не игра според посакуваната форма, по пет одиграни кола тетовскиот прволигаш се наоѓа на осмата позиција со 6 освоени бодови.

Ваквата ситуација во која Шкендија има скор од три ремија, една победа и еден пораз доведе до прекин на соработката со двајца фудбалери. Левиот бек Антонио Павиќ и напаѓачот Вандерсон Да Силва повеќе не се дел од Шкендија, откако двете страни спогодбено се разделија, а од клубот од Тетово им посака успех во кариерите.

Инаку, Павиќ во Тетово пристигна во јануари минатата година, додека пак Вандерсон дојде во Шкендија во јануари годинава.

По репрезентативната пауза Шкендија на домашен терен ќе игра дерби против Шкупи.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!