Шкендија ја прегази Каменица Саса на генералката во Тетово

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија со убедливи 4:0 славеше над второлигашот Каменица Саса на генералката одиграна во Тетово пред стартот на пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<
Саса имаше сили да пружи отпор кон актулниот шампион во ПМФЛ само во првиот дел, а во вторите 45 минути прими дури три погодоци. Аденис Шала во 38. минута од мечот ја погоди противничката мрежа за 1:0 на полувреме.
Во вториот дел Синдриг Гури погоди за 2:0, а пак Кире Марковски стрелаше за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Буба Хасани во 72. минута од мечот.
За тренерот Акраповиќ ова беше повеќе од успешна генералка пред стартот на пролетната полусезона каде Шкендија ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула, а најсериозен нивен ривал е Шкупи.
Веќе овој викенд Шкендија на домашен терен ќе ја пречека Струга Трим Лум во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.