Шкендија и Струга ќе се соочат во Струмица

Шкендија домашните натпревари не може да ги игра во Тетово поради лошиот терен, па тетовскиот прволигаш мора да бара алтернатива и за дуелот против Струга Трим Љум во рамки на 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи
Дуелот меѓу Шкендија и Струга ќе се одигра во Струмица, на стадионот на Академија Пандев, информираат од струшкиот прволигаш.
Натпреварот е закажан за во недела со почеток од 16:00 часот.
Lounge бар „Connect“ – срцето на Охрид, место за највкусно кафе
Струга на стартот од сезоната има три од три и со максимални 9 бодови е на врвот од табелата, додека пак Шкендија има скор од реми и две последователни победи и со 7 бодови е на делба на второто место, заедно со Силекс, кој исто така има 7 бодови.