Останато

Шкендија и Шкупи со највисоки ваучери во фудбалот, Вардар со највисок во ракометот, ФФМ доби нула денари од АМС! (ЦЕЛА ЛИСТА)

Агенцијата за млади и спорт ги објави спортските ваучери за клубовите за 2021 година.

Во фудбалот, највисок вачуер доби Шкендија од 10,8 милиони денари, потоа Шкупи доби 10 милиони денари, Ренова доби ваучер во висина од 9,5 милиони денари, нешто помалку, односно 9,4 милиони денари доби Академија Пандев.

Во ракометот, највисок вауер од 19 милиони денари доби поранешниот европски првак Вардар, а по 17,5 милиони денари добија Еурофарм Пелистер и Металург.

Во кошарката, највисок ваучер доби МЗТ Скопје од 13 милиони денари, еден милион помалку доби Работнички.

Во одбојката, највисок ваучер доби освојувачот на двојната круна Џио Струмиица во висина од 4 милиони денари, Вардар доби 2,5 милиони денари, додека Весна Пробиштип доби 2 милиони денари.

Фудбалската федерација на Македонија повторно доби нула денари од Агенцијата за млади и спорт, додека Ракометната федерација на Македонија доби најмногу – 16 милиони денари.

Во продолжение погледнете ја целата листа на доделени ваучери на клубовите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!