ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија гостува во Велес кај Борец

Актуелниот шампион Шкендија денес гостува во Велес каде ќе ги одмери силите со Борец. На стадионот „Зоран Паунов“ трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи.

Борец силно ги посакува трите бодови бидејќи целта на екипата е опстанок во елитата, па секој бод ќе им биде многу важен. Новиот тренер Баже Левков во претходното коло обезбеди само бод од гостувањето во Автокоманда по ремито со Скопје (1:1), па денес за Борец доаѓа голем фаворит и обезбедувањето на бодовите ќе биде доста тешка задача.

Шкендија одлично тргна во новата сезона на домашен терен со 3:1 ја порази Струга Трим Лум и се искачи на втората позиција на табелата, откако Академија Пандев загуби на Чаир од лидерот Шкупи.

Борец на овој натпревар ќе може да очекува нешто плус и од мексиканското засилување Омар Новело засилување кое Спортска Мрежа прва го најави, а овој 24-годишник е играч од средниот ред.

СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ПОВЕЌЕ ГОСТИ ВО ВАШИОТ РЕСТОРАН

Овие две екипи од 2019 година до сега се имаат соочено седум пати во рамки на Првата лига. Шкендија четири пати била поуспешна, Борец два пати бил поуспешен од Шкендија, а пак еден натпревар завршил без победник.

Во однос на формата Борец на домашен терен има две победи, две ремија и пет порази, додека пак Шкендија на гостински терен има скор од три победи, пет ремија и еден пораз.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!