ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија го среди Работнички во натпревар со ОСУМ погодоци!

Новиот шампион Шкендија ја доби голеадата на Националната арена „Тодор Проески“ и славеше со 3:5 над Работнички. Избраниците на Влахо остануваат без шанси за висок пласман и излез кон Европа.

По само две минути игра „романтичарите“ имаа водство од 1:0 со гол на Марио Станковски. Во 19. минута од средбата Шкендија израмни на 1:1 со гол на Бразилецот Вандерсон. Пред крајот на првиот дел албанскиот интернационалец Рубин Хебај погоди за 1:2 и донесе водство на полувреме за новиот шампион во ПМФЛ.

Во вториот дел Работнички се врати резултатски откако Фахрудин Ѓурѓевиќ погоди за 2:2. Во финишот од натпреварот паднаа дури четири погодоци. Во 23. минута Нафиу донесе ново водство за Шкендија од 2:3. По четири минути игра Алими зголеми на 2:4. Јефтоски во 89. минута намали на 3:4, а во судиското надополнување Бесарт Ибраими ги постави конечните 3:5.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!