ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија го имаше првиот тренинг во Анталија без Да Силва, поместена контролката со Зорија

Есенскиот првак Шкендија се смести во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза до 8. февруари. Првиот контролен натпревар со украинска Зорија е одложен за утре, па денешниот ден беше искористен за прв тренинг на турско тло.

Промената на терминот за контролниот натпревар за 24 часа доаѓа поради доцненњето на летот од Скопје за Турција. Неочекуван проблем за екипата на Шкендија е тоа што нема да може да смета на новото бразилско засилување Да Силва, кој нема да биде во Анталија поради потребата од двонеделен карантин за државјани на Бразил.

Избраниците на Ѓока ќе одиграат контролни натпревари и со Десна од Украина на 30. јануари, Каисар од Казахстан на 3. февуари и на крај ќе имаат квалитетен тест со Динамо Киев од Украина закажан за 7. февруари.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!