ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија го декласираше Борец среде Велес

Актуелниот шампион Шкендија со 0:3 триумфираше во Велес на Борец во воведниот меч од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Првиот погодок на „Зоран Паунов“ падна пред крајот на првиот дел кога Кире Маркоски ја стресе мрежата на велешани за водство на тетовци од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Ангелче Тимовски погоди за 0:2, а веќе во 78. минута од мечот Бруно Дита ја стресе мрежата по трет пат на противникот со што стави точка на мечот. До крајот Шкендија имаше уште неколку големи шанси кои не ги реализираше, па резултатот од 78. минута стана конечен.

Трите бодови заминуваат во Тетово со што сега Шкендија е втора со 40 бодови и има негатива од 5 бодови во однос на лидерот Шкупи барем до утре за кога е закажана скопската пресметка меѓу Работнички и Шкупи. Борец останува на претпоследното место односно во зоната за директно испаѓање со 13 освоени бодови.

Во следното коло Шкендија на домашен терен ќе игра дерби со Академија Пандев, додека пак Борец ќе биде домаќин на Струга Трим Лум.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!